Ги погодив бројките на крајот: Со колоритна фотосесија Ксенија Деспотоска го прослави 27-от роденден (ФОТО)

Ги погодив бројките на крајот: Со колоритна фотосесија Ксенија Деспотоска го прослави 27-от роденден (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Голем повод за славење...

Познатата инфлуенсерка од Прилеп, Ксенија Деспотоска, вчера го прослави својот 27-ми роденден. Покрај многубројните честитки од пријателите и следбениците, инфлуенсерката направи и роденденска фотосесија, која ја сподели со желбите за оваа година, за кои посочи дека секоја година се исти.

На фотографиите доминира розовата боја. Балоните во форма на бројот 27, колачињата на кои дува свеќички, останатите балони и конфети се дел од сценографијата, а како изгледаше роденденската фотосесија, погледнете во продолжение.

„27, не 37 ги погодив бројките на крајот 
Секоја година истиот опис на сликата
Ти благодарам Боже што ми даде уште една година живот.
Ти благодарам за сите луѓе кои се сетија на мене денес и ми посакаа добри желби.
Ти благодариме за целото искуство во изминатата година;
за времињата на успех кои секогаш ќе бидат мои среќни спомени,
за времињата на неуспех што ме потсети на мојата сопствена слабост и на мојата потреба за тебе, 
за времињата на радост кога сонцето сјаеше, 
за времињата на тага што ме водеше до тебе.
Помогни ми во деновите пред мене да ја направам оваа најдобра година досега, 
и преку тоа да си ги остварам своите желби, да бидам среќна, здрава и гордост на моите најблиски!“ - напиша во својата објава познатата инфлуенсерка.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: