Ги прогласија за грди чевли, сепак ќе бидат водечки тренд летово: Кајли Џенер веќе ги обожава (ФОТО)

Ги прогласија за грди чевли, сепак ќе бидат водечки тренд летово: Кајли Џенер веќе ги обожава (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Овој материјал отсекогаш бил резервиран за на плажа, но сега го најде своето место и во уличната мода!

Во изминатите сезони, светската мода, особено секојдневната, е во знак на релаксација, удобност, но и враќање кон природата!

Природните материјали стануваат сè попопуларни, а по памукот и лен дојде ред на и слама и рафија, кои се користени како своевидна декорација за новите влечки на модната куќа Bottega Veneta, односно од нејзиниот креативен директор Даниел Ли.

За претстојната сезона, тој реши да нè воодушеви со влечки со потпетици високи девет сантиметри природни материјали плетени во познатиот стил на оваа куќа, позната како интрецијато.

Може да се најдат и во варијанта без високи потпетици.

Штом се појавија фотографии од овие влечки, кои се продаваат во неколку бои, инфлуенсерите и трендсетерите побрзаа да ги купат. Може да се комбинираат со летни фустани, но исто така со фармерки, мини здолништа и, во одредени комбинации со туника, дури и хеланки.

Кајли Џенер неодамна беше видена во нив, а таа реши да комплетира со спортско издание.

ФОТО: ПРОФИМЕДИЈА

Бидејќи нивната цена е повеќе од 800 евра, некои од познатите марки за улична мода, како што е шпанската Утерке, побрзаа да ја понудат својата верзија на овој модел, така што има сè повеќе слични влечки, а се очекува да бидат водечки тренд на претстојното лето низ Европа.

извор:GLOSSY

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: