Ги разнежнија обожавателите: Маркус и Мартинус ја објавија најпотресната фотографија во 2021 година

Ги разнежнија обожавателите: Маркус и Мартинус ја објавија најпотресната фотографија во 2021 година

Објавена во: Совети // Семејство

Маркус и Мартинус се прилично активни на Инстаграм оваа година, со што го надокнадуваат тоа што со години не објавуваат ништо на своите приватни профили. Сепак, една неодамнешна објава делуваше многу потресно и дури и збунувачки, а истата е направена на гробишта.

На апсолутно тажна фотографија, ги гледаме Маркус и Мартинус со по една жолта роза, како тажно гледаат во камерата, а пред нив стои надгробна плоча. На сето ова, момците напишаа: „Ни недостасуваш сè повеќе и повеќе секој ден. За жал, почина половина година пред да започне нашата кариера, но знаеме дека нè следиш од небото. Среќен роденден, те сакаме мамо“.

Ова „Те сакаме мамо“ збуни многумина, но „Мамо“ очигледно бел прекар за нивната баба. Не е тешко да се претпостави дека нејзиниот син и таткото на Маркус и Мартинус ја нарекувал така , а од него сите го присвоиле. За жал, Анди Гунарсен починала пред скоро 10 години и тоа навистина премлада, на само 62 години.

Да беше жива денес, сигурно дека би била многу горда на своите две момчиња, не само поради тоа што го постигнаа како ѕвезди, туку и затоа што останаа истите добри момци до ден-денес. 


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: