Ги слушам како ѝ се закануваат на мојата болна Теодора, а таа само сака да си игра со нив: Приказна на мајка која ја потресе Србија

Ги слушам како ѝ се закануваат на мојата болна Теодора, а таа само сака да си игра со нив: Приказна на мајка која ја потресе Србија

Објавена во: Живот // Живот

Мајка на девојче со Даунов синдром јавно ги раскажа сите проблеми со кои нејзината принцеза се соочува секојдневно...

Нејзината ќерка Теодора е како и секое друго дете, но со вишок на хромозоми, поради што има потешкотии во животот, но како и секое дете, таа само сака внимание од своите врсници и да се дружи и игра, да трча, да игра криенка и така натаму.

„Па, кога ќе почне да си игра со други деца, тие обично или ја исмеваат или бегаат од неа. Таа не е свесна за тоа, што е добро за неа. И срцето ми се крши. Ги учам тие други деца и неа како да играат заедно, но тоа е слаба точка“ - напиша Марија, мајката на девојчето.

Еден ден тоа ја погодило многу и тоа било кулминацијата на сè, момент кога мајката на Теодора останала без текст.

„Ние сме на игралиштето пред нашата зграда, таа тоа го знае уште од раѓање. И познати ѝ се децата. Таа се сокри во куќата, а пет-шест деца се во куќата и ја задеваат. Таа мисли дека играат, а тие зборуваат сешто - дека е чудовиште, погледни ја, гледај како ги превртува очите, ајде да ја задеваме. Не реагирам, јас сум на еден метар од нив. Да видам до каде одат. А, тие почнуваат да се договараат дека следниот пат кога ќе излезе надвор, ќе ја чекаат пред влезот и ќе ја претепаат! Е, тука изреагирав“ - го раскажува мајката шокантниот настан од паркот и додава:

„Какви се тие чудовишта од деца?! Какви луѓе ќе станат?! Зошто да ја тепаат Теодора, дете со попреченост, која ништо не им бара, само си игра?! Што е следно ?! Навистина е голем потфат да се одгледувате дете со пречки во развојот во Србија, а да не полудите“ - напиша мајката.

За да не се случат вакви работи, родителите прво мора да се едуцираат, не само за Дауновиот синдром, туку за секоја „различност“, а подоцна и да го воспитуваат своето дете во тој дух. Ако некој е различен, не треба да користиме насилство врз него или да го исмејуваме. Затоа, драги родители, подигнете ја вашата свест, за подоцна да му помогнете на вашето дете посвесно и повнимателно да оди низ животот.

фото: Shutterstock

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: