Ги снема фотографиите со момчето: Дали Мартија е повторно слободна?
По приложеното, младата пејачка најверојатно е повторно слободна...
Мартија Станојковиќ, пејачката која ги освои симпатиите на јавноста по првото појавување во натпреварувањето „Ѕвездичките на Пинк“ е една од најактивните млади пејачки на социјалните мрежи. Постојано споделува моменти од секојдневието, но знае и да изненади и со по некоја провокативна фотосесија.
Иако се уште е релативно млада (за два месеци треба да наполни 17 години), таа беше во љубов со Милан Илиќ, момчето кое имавме можност често да го гледаме на нејзините сториња на Инстаграм. Мартија исто така со него сподели и неколку објави на својот профил, кои сега ги нема. Земајќи го ова предвид, но и тоа што Милан повеќе го нема на сторињата на пејачката, очигледно е дека на нивната љубов завршила.
Инаку тие во јануари минатата година прославуваа половина година од почетокот на нивната љубовна врска, а по фотографиите кои тогаш ги објавија, делуваше како да ќе останат засекогаш заедно.
Дали, крајот на оваа врска беше причината што Мартија помина долго време со своите пријателки на Копаоник е непознато, но за тоа колку „сингл“ статусот и годи може да се уверите и сами од фотографиите во продолжение: