Ги воодушеви обожавателите со својот гест: Среде настап на девојка ѝ даде мал подарок за роденден (ВИДЕО)

Ги воодушеви обожавателите со својот гест: Среде настап на девојка ѝ даде мал подарок за роденден (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Тој е свесен колку неговите мали гестови им значат на обожавателите...

Војаж во последната една година собра многу обожавателки, а кога има настап, тоа е апсолутно лудило. Една девојка славела роденден токму на денот на настапот и Војаж ѝ подарил ситница и со тој мал гест ги воодушевил сите.

Колку и да е важна музиката на настапите, еднаква важна е и интеракцијата на изведувачот со публиката. Ако пејачот дојде, го отпее своето и си замине, нема да остави некој голем впечаток. Затоа, изведувачите денес сѐ повеќе ставаат фокус на настапите и интеракцијата со публиката. Војаж на еден од последните настапи ги воодушеви обожавателите со својот гест, а за среќа, некој тој момент го снимил и го овековечил. Една девојка од публиката славела роденден, а тој кога дозвнал, ѝ подарил мала ситница - својата марама! За некој тоа е нешто банално, но за неговата обожавателка тоа е нешто големо.

@tejjjaa duša @Voyage #vojaz #labamba #hercegnovi #foryou #fyp #xyzbca original sound - Теа

Видеото стана вирално, а на сите посебно симпатична им е и девојката која од позадина вика дека и на неа ѝ е роденден. Ова е само еден од начините на кој ги воодушевува обожавателите на настапите. Редовно секогаш се фотографира со нив, се снима за ТикТок, не му пречи да го снимаат, прегрнуваат... изгледа дека за обожавателите ништо не му е тешко да на прави.

Во коментари сите го опсипаа Војаж со позитивни коментари и сакаат да бидат на местото на девојката.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: