Ги заборавила сопругот и децата поради мозочен удар: Песна на Балашевиќ ѝ го вратила сеќавањето

Ги заборавила сопругот и децата поради мозочен удар: Песна на Балашевиќ ѝ го вратила сеќавањето

Објавена во: Живот // Живот

Имала два силни мозочни удари, по што заборавила сѐ. Децата, сопругот, не знаела ниту да зборува, да чита, ни да пишува. Но, кога ги прочитала стиховите на песна на Балашевиќ, сеќавањето почнало да ѝ се враќа.

„Толку сум тажна што Ѓорѓе замина, што тоа е нешто страшно. Би рекла дека тој ме врати во живот“ - кажа за 24сата.хр воспитувачката во градинка, Гордана Машура од Сплит.

Животната приказна на Гордана буквално може да се опише како филмска. Откако доживеала два тешки мозочни удари, таа никој не ја препознавала. Го зааборавила сопругот и децата, но ... Кога ги прочитала стиховите од песната „Прва љубав“ од Балашевиќ, нејзиното сеќавање започнало да се враќа.


Во декември 2010 година, познатиот кантавтор имаше концерт во Сплит. Во наградната игра беа поделени билети, како и дружење со Балашевиќ.

Таа ја запозна Ѓорѓе по концертот

„Сè уште не знаев да зборувам или да пишувам. Писмото го напиша еден мој пријател. За тоа колку ми значеше неговата песна. Се обидов да кажам сè што се сетив до тогаш“ - вели Гордана, која го освои билетот и се сретна со Балашевиќ.

„Бев многу среќна, но ми беше тешко затоа што не бев личноста како што требаше да бидам. Мозочниот удар што го имав беше толку силен што ми се смени целосната хемија во мозокот. Не бев јас“ - вели Гордана.

Таа отишла на концертот со сопругот. Била толку среќна што плачеше цело време.

„Плачев за себе и за мојата ситуација. Емоциите ми беа измешани“ - се присетува Гордана.

Следниот ден се сретнала со големиот Ѓорѓе Балашевиќ ...

„Му подготвив вистински далматински подарок, даска од морето на која беа исцртани куќи и Сплит. Мојот син, кој сега има 30 години, беше со мене на состанокот. Јас и Ѓорѓе се бакнувавме и се изназборевме. Тој прочитал напис во весник за мене и за моето здравје. Знаеше дека сум болна и затоа сум тука. Тој ми го даде сценариото на неговиот филм „Као рани мраз“, што подоцна го гледавме во салата. Во сценариото имаше и една посвета на мене“ - заплака Гордана, сеќавајќи се на тој момент.

Како што истакна, ѝ било тешко поради смртта на Балашевиќ.

„Сега размислувам, не умрев, иако се чинеше дека сакам. И тогаш тој умира, ужасно. Не знам што да кажам.“

По сè, таа се врати на работа, по осум месеци работа со логопед, успеа повторно да научи да зборува, чита и пишува.

„Од друга страна, некои работи не ми се вратија. Зборував француски и англиски јазик. Не ги познавам денес. Книгите што сакав да ги читам, сега дури и не знам кој ги напишал. Но, ги знам песните на Балашевиќ“ - заклучи таа.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: