Ги засукаа ракавите и влегоа во студио: Антониа Гиговска и Лина Пејовска работат на нова музика
Полека, но сигурно потоплите денови ни пристигнуваат. Пролетта е на самиот праг, а освен будењето на природата, како сите полека да почнавме да се будиме од „зимскиот сон“. Ништо поразлично не се ни музичките ѕвезди. Секојдневно излегува нова музика, а обожавателите со нетрпение очекуваат и нивните омилени пејачи да издадат нови песни.
Од ова не се исклучок и нашите млади музички надежи. Тие наголемо работат на нови музички проекти, со кои ќе ги израдуваат своите обожаватели.
Откако Мартија Станојковиќ го објави каверот на песната „Nana Triste“ од Наталија Лакунца и покажа дека не мирува, кога е музиката во прашање, сега уште неколку пејачки открија дека наголемо работат на нови прокети.
Тоа се Антониа Гиговска и Лина Пејовска. И двете пејачки споделија фотографии од музичко студио.
Имено, Антониа вчера сподели фотографија на стори од студио, покрај која напиша ги праша следбениците на Инстаграм каква песна сакаат да слушнат од неа. Одговорите не ги сподели, па затоа останува мистерија во каков ритам ќе биде новото музичко парче кое го објави младата музичка надеж.
За разлика од неа, Лина од студио објави неколку фотографија и тоа уште кон средината на месец февруари. Исто како Антониа, и таа остана деломно таинствена кога е откривањето на повеќе детали во прашање. Единственото нешто што го откри е дека ќе станува збор за соработка, зошто во описот на фотографиите напиша: „Погодете со кој ќе соработувам следно“.
Во меѓувреме, додека очекуваме да излезе новата музика од овие две одлични пејачки, не заборавајте да ги слушате нивните веќе објавени песни.
фото: Принстскрин / Инстаграм