Со најновиот кавер ќе ги разбуди и најдлабоките емоции во вас: Мартија Станојковиќ ја отпеа „Nana Triste“ од Наталиjа Лакунца

Со најновиот кавер ќе ги разбуди и најдлабоките емоции во вас: Мартија Станојковиќ ја отпеа „Nana Triste“ од Наталиjа Лакунца

Објавена во: Stars // Музика

Мартија Станојковиќ освен што важи за трендсетерка помеѓу младите пејачи, таа важи и за една од пејачките со светски глас. Тоа го покажа и докажа во музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“, каде стигна до второто место, а сега продолжува да го прави тоа.

Во текот на својата кариера објави неколку синглови, учество на Јуниорската Евровизија, а своите вокални способности постојано ги покажува на социјалните мрежи каде што редовно споделува видеа на кои пее песни од познати и докажани музички имиња. 

Вчера, уште еднаш докажа и покажа колкав талент е, а тоа го направи со најновиот кавер, кој го објави на својот канал на Јутјуб. Во прашање е песната „Nana Triste“, која во оригинал ја изведуваат шпанските музичари Наталија Лакунца и Guitarricadelafuente.

Станува збор за емотивна балада, на која Мартија даде свој печат и преку својот глас ги пренесе своите најдлабоки емоции.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: