Гимназијалец од Србија е гордост на цела земја: Помеѓу 40.000 средношколци успеал да добие стипендија на „Јеил“
„Јеил“ е еден од најпрестижните колеџи во светот, кој годишно прима 1.500 студенти, а само најдобрите добиваат целосна стипендија. Еден од нив, вистински генијалец, е матурант на Четиринаесеттата белградска гимназија, Василије Пантелиќ.
Василије оваа есен станува бруцош на познатиот факултет. Во конкуренција на повеќе од 40.000 матуранти, тој успеа не само да биде примен, туку и да добие целосна стипендија од 80.000 долари годишно за учење и живеење.
Всилије нема дури 18 години, но вели дека веќе извесно време е сигурен дека ова е факултетот на кој сака да се запише и тоа му бил прв избор.
„Аплицирав порано, па добив одговор од факултетот некаде во декември. Конкуренцијата беше, како и секоја година, одлична, можеби и поголема, и многу сум среќен што бев избран во тие пет проценти. Планирав да се пријавам на некои други факултети, но бидејќи веќе бев примен во претходниот круг, не испратив апликации на ниту еден факултет во вториот круг“ - рече Пантелиќ како гостин на утринската програма на РТС.
Во Америка, постои еден вообичаен приемен испит што го користат скоро сите колеџи и се состои од тест по математика и англиски јазик, кој исто така го полагаат странските студенти кои се во иста конкуренција со американски студенти.
„Дополнително полагав биологија и хемија, бидејќи тоа беа областите што ги избрав за моите студии. Постојат околу десет проценти на странски студенти во американски колеџи. Тие обично избираат странци во некои региони. Гледаат да добијат што е можно поголема географска и друга разновидност со цел некако да донесат од секоја земја по некој“- вели Василије.
Белграѓанин во друштво на нобеловци
Инаку, Василије е добитник на наградата Свети Сава, а покрај тоа, тој го има освоено трето место на Олимпијадата по географија во Хонг Конг, и второ во Европа. Василије Пантелиќ, претходно ја доби дипломата на Вук, но и титулата ученик на генерацијата во основното училиште „Иво Андриќ“ во Белград, тој беше ученик на Истражувачката станица Петница, зборува англиски, германски и руски јазик.
„Целиот успех од средното училиште е земен во предвид за приемните испити, нема рангирање само врз основа на приемен испит и оценки, туку во него има и препораки од професорите, воннаставни активности и секако награди од натпреварувања . Имаше и есеи во кои пишував што ме интересира, што би студирал таму и со што би се занимавам.“
Тој во Америка ќе оди непосредно пред почетокот на семестарот, во август. Вели дека е среќен што ќе има можност да студира на факултетот на кој студирале бројни научници и добитници на Нобелова награда. Неговиот план е да се запише на магистерски и докторски студии по основните студии, а подоцна да ја примени хемијата во истражувањата од областа на фармацијата и медицината.