ГЛАСАЈТЕ за 10: Да ги поддржиме нашите Лара, Јован и Ирина со „Животот е пред мене“.
Во недела, на 11 декември во Ереван, Ерменија, ќе се одржи новото издание на Јуниорскиот Евросонг. Наши овогодинешни претставници се Лара, Јован и Ирина, кои пред Европа ќе се претстават со песната „Животот е пред мене“.
Гласањето започна, а завршува на 11 декември во 15:59 часот, на веб страната www.jesc.tv Треба да изберете 3 омилени песни, но исто така можете да гласате и за сопствената држава. Последното гласање ќе биде повторно отворено на 11 декември, во времетраење од 15 минути по завршувањето на изведбата на последната композиција, на истата веб страница.