Главни на Инстаграм: Кои се најлајкуваните објави на младите пејачки за 2020 година?

Главни на Инстаграм: Кои се најлајкуваните објави на младите пејачки за 2020 година?

Објавена во: Мода // Moj стил

Тие се трендсетерки во вистинска смисла на зборот. Мартија Станојковиќ, Лина Пејовска и Антониа Гиговска со својот стил оставаат свој печат кај младите, а често се забележува дека комбинациите кои ги носат тинејџерките, се инспирирани токму од нив.

Секоја од нив има свој стил и секоја е впечатлива на свој начин. Мартија често знае да износи интересен фустан или пак елегантни панталони, но периодов често можевме и да ја видиме во опуштено издание. Лина е повеќе насочена кон спортскиот стил. Многу блиску до неа, кога е стилот во прашање е и Антониа, која си игра со спортско - елегантната варијанта и  дефитивно одлично ги износи тренерките кои беа апсолутен хит оваа сезона. 

Но, дали некогаш сте решиле да проверите која нивна фотографија има најмногу лајкови? Не грижете се, не мора да го правите тоа, зошто ние решивме пред крајот на годината да го направивме за вас. Во продолжение погледните која објава од 2020 година на Инстаграм кај секоја од овие три тин - ѕвезди има најмногу лајкови.

# Мартија, која има повеќе од 61.000 следбеници најмногу лајкови има на објавата на која го покажа своето деколте. Станува збор за две селфи фотографии, и на кои од она што можеме да го видиме е одлично стилизирана. Внимателна со шминката, фризурата, аксесоарите, па дури и облеката, Мартија „собра“ 10.586 лајкови.

# Кога се следбениците во прашање, Антониа дефитивно води. Со скоро 90.000 следбеници, најлајкуваната објава на младатата пејачка за оваа година има 12.023 лајкови. На оваа фотографија позира заедно со своето момче, пејачот Иван Јованов, а на истата и двајцата е тип топ скоцкани од глава до петици.

# Лина има повеќе од 66.000 следбеници, а за разлика од колешките, нејзина најлајкувана објава на Инстаграм е видеото, на кое го пее хитот на Де Вито и Теодора Џехверовиќ, „Вуду“. Ова видео од моментот на објавувањето па досега е погледнато повеќе од 200.000 пати, а истото има повеќе од 22.000 лајкови.


Може да ве интересира:

Кои се најлајкуваните фотографии на познатите ѕвездички за 2019 година?

Р. Х. 
Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: