Гледаше со воодушевување: Сторми за Божиќ доби вистинска куќа
Божиќните подароци веќе започнаа да се отвараат во семејството Кардашијан - Џенер, иако се уште не е време за тоа. Крис Џенер на својата внука Сторми Вебстер, ќерката на Кајли Џенер и подари куќа за кукли која голема како и онаа во која некои луѓе живеат, јавува Cosmopolitan.
Кајли на Јутјуб сподели видео во кое Крис доаѓа до нејзината куќа во божиќни пижами и наочари за сонце и со широка насмевка на лицето. Се прашувате зошто некој би подарил куќа на едногодишно дете во која само ќе си игра? Епа Крис кажа дека Кајли имала иста таква кога била дете, па одлучила истото да го подари и на нејзината внука. мебелот кој се наоѓа во куќичката на Сторми некогаш бил дел од куќичката на Кајли.
Оваа куќичка е само еден до скапите подароци кои Кардашијан ги подаруваат на своите деца. Често може да се види како носат облека, чевли и чанти од најпознатите светски дизајнери. Одат со родителите на патувања и добиваат вакви играчки, а веројатно не се ни свесни за истите. Слична ваква куќичка за кукли Кортни им подари на своите деца, а истата ја плати 100.000 долари.