Го апсеа поради Тито, не беше љубовник: Сите тајни на Гидра ги откри неговиот внук

Го апсеа поради Тито, не беше љубовник: Сите тајни на Гидра ги откри неговиот внук

Објавена во: Живот // Живот

Внукот на познатиот актер Драгомир Бојаниќ Гидра пред неколку години зборуваше за својот дедо и напомена дека некои приказни кои кружеа за него се невистинити.

Драгомир Бојаниќ Гидра беше еден од најпопуларните регионални актери во нашата област. Почина пред 28 години, оставајќи ја ќерката Јелена, која ја доби во бракот со колешката Љиљана Контиќ, но и внукот, српскиот модел Јован Стојановиќ, чиј дедо беше родениот брат на Гидра.


Пред неколку години, Јован се осврна на разни приказни кои кружеа за легендарниот актер.

„Не е точно дека дедо ми беше љубовник. Тој многу ја сакаше баба ми. Лудо се сакаа и од таа силна љубов имаше големи расправии, па се разделија еден од друг, дури шест пати, но тој секогаш се враќаше кај неа. Тој не ја напушташе поради други жени, тоа не е точно“ - изјави во интервју за „Блиц“.

„Гидра обожуваше да кажува шеги за Тито, а во тоа време ги апсеа сите што го правеа тоа. Така, во една прилика го уапсија дедо ми. Неговиот брат дојде во станицата да го спаси, а кога влезе внатре, немало никој, ниту пред вратата, ниту никаде. Се слушала само бучава од канцеларијата. Тој мој друг дедо тогаш влетал во канцеларијата, а Гидра седел на масата, со сите полицајци околу него, кои внимателно ги слушале неговите шеги за Тито и умирале од смеа. Така поминало тоа апсење“ - откри тогаш Јован.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: