„Го фотошопирале детето, дали е можно?“ Социјалните мрежи брујат за семејната фотографија на Меган Маркл и принцот Хари
Фотографијата на Меган, Хари, Арчи и Лилибет предизвика општо воодушевување на социјалните мрежи, но има и такви кои тврдат дека е прилично фотошопирана.
Светот конечно го дочека моментот за првпат да ја види малата Лилибет, а сите со воодушевување ја гледаат семејната фотографија која е споделена во склоп на божиќната честитка на гордите родителите - принцот Хари и Меган Маркл.
Сепак, имаше и такви кои веднаш најдоа замерки на споменатата објава.
Илјадници обожаватели на оваа кралска двојка се воодушевени од бојата на косата која ја има момчето, но некои забележаа дека нијансата на косата на момчето е потполно иста како онаа на Хари на фотографијата, што сметаат дека е невозможно без фотошоп.
„Ја фотошопирале косата, ја промениле бојата и додаделе коса и на малото момче и на неговиот ќелав татко. Уживајте“, „Ова е фотошоп, ова момче до неодамна имаше кафена коса“, „Го фотошопирале детето, дали е можно“ - се само некои од коментарите на Твитер.
Многумина на Твитер ја споделуваат фотографијата од Арчи, која Меган ја покажа кај Елен Деџенерис пред неколку недели. На фотографијата косата на момчето не изгледа како на семејната фотографија.
Уште една забелешка за која се зборува е и неверојатно долгиот палец на Меган Маркл, кој очигледно е грешка во фотошоп.