Го имаше првиот настап по разделбата со Војаж: Бресквица пееше во Германија, новото момче цело време беше покрај неа (ВИДЕО)

Го имаше првиот настап по разделбата со Војаж: Бресквица пееше во Германија, новото момче цело време беше покрај неа (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Не го криеше воодушевувањето, бидејќи дискотеката била преполна...

Анџела Игњатовиќ - Бресквица го имаше својот прв настап по разделбата со Војаж и кариерата ја продолжи самостојно. Таа во саботата настапи во дискотека во Германија, која беше исполнета до последното место.

Бресквица на бината застана нешто по полноќ и на првите таквите од песната „Бон Војаж“, предизвика голема овации.

Покрај своите, ги пееше и песните кои ги сними со Војаж, но и некои од актуелните хитови. Првпат пред публика ја отпеа и дуетската песна со МС Стојан, „Живот си мој“.

Анџела во текот на настапот цело време имаше поддршка од новото момче, кое ја снимаше и фотографираше за време на целиот настап.

„Бев воодушевена кога видов дека дистекотеката е преполна, сите тие луѓе пееја во еден глас со мене. Преубаво чувство. Не можам да кажам дека немав трема, но брзо се опуштив и едноставно, ме понесе атмосферата“ - кажа таа и продолжи:

„Ова е само првиот во низата закажани настапи и се радувам што во следниот период ќе се дружат со публиката. Белград уште не е закажан, но знам колкава поддршка имам во својот град, па можете да замислите дека едвај го чекам“.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата:



фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: