Го исекоа дрвото пред гробот на Тоше- Вчудоневидени бидејќи личи како Исус распнат на крст
Бруна Хохњец и Стела Прислан Фојс од Загреб... Ни корона пандемијата не ги спречи да дојдат во Крушево и да го посетат вечниот дом на Тоше на денот кога го напушти овој свет.
- Ништо не може да не спречи да дојдеме во Крушево на 16 октомври и на роденденот на Тоше. Ги сушавме неговите песни, но никогаш не бевме на негов концерт. Откако почина, почувствувавме некоја сила која не натера да читаме негови интервјуа, да се запознаваме со неговите дела. Сила која почна да не влече кон Крушево - велат тие со солзи во очите и дополнуваат дека секоја недела одат на миса во македонската православна црква во Загреб, која во чест на Тоше ја одржува отец Кирко Велински.
Над 200 фанови на Тоше Проески од разни краеви на земјава, денеска го посетија вечното пичивалиште од најголемата македонска музичка ѕвезда.
- Сите ги почитуваа корона мерките и се придржуваа на правилата. Поголем дел од крушевчани носеа маски на кои пишува Тоше те сакаме сите. Точно во 12 часот пристигнаа и маратонците - вели Игор Блажевски, кој е задолжен за грижата на гробното место.
Дрвото до гробот има форма на Исус распнат на крст
За потребите за изградбата на гробот на Тоше, требало да се исеше дрво- орев. Крушевчани раскажуваат дека гранките ги сечеле два дена. Кога завршиле, забележале дека стеблото без гранки има форма на Исус распнат на крст. Според најавите, на стеблото ќе се изрезбра ликот на Исус.
Дури и во книгата „Ова не е крај„ посветена на ликот и делото на Тоше на авторката Соња Алексоска- Неделковска, Проески во една прикика ѝ рекол:
– “Не сум ни Исус, не сум ни Господ. Но, понекогаш се чувствувам како Исус распнат на крст. Ги чувствувам болките од камењата кои ги фрлаат врз мене. Но, ако, ќе издржам. Им простувам на сите што ќе ми нанесат болка. Затоа, те молам, прости им и ти.”
Погледнете:
СОЊА АЛЕКСОСКА- НЕДЕЛКОВСКАФото: Со дозвола од Женски магазин- фотографирано од Ангела Пацаноска