Го искористи моментот: По приказната дека е посветена на него, се огласи Војаж и ја искоментира новата песна на Бресквица
По приказната дека Бресквица му ја посветила новата песна, се огласи Војаж и откри што мисли за тоа...
Пејачката Анџела Игњатовиќ - Бресквица ја објави долгоочекуваната песна „Сречан пут“, за која многумина велат дека текстот на песната и симболите во спотот ја откриваат вистинската причина за разделбата со Војаж.
Сега се огласи и нејзиното поранешно момче, пејачот Михајло Веуровиќ и ја искоментира песната и спотот.
„Сосема е океј песната“ - кажа Војаж, а потоа истакна дека Бресквица го искористила моментот, но и дкеа исто така добро поминала и дека песната не е за него.
„Не мислам дека беше било каква провокација, мислам дека едноставно објави песна, го искористи моментот... Не ме искористи мене, сигурен сум дека би направила успех и дека во песната не станува збор за мене. Нема тука зла крв, од мојата страна“ - кажа пејачот за „Дневни Аваз“.
Михајло исткана и дека разделбата со Бресквица ја поднел тешко, како и дека потоа работел на себе.
фото: Printscreen