Го наследи талентот на мама и тато: Ќерката на Јелена заплови во музичките води
Познатата поп пејачка Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ, се долго време заедно. Плод на нивната љубов е малата Нина, која до неодамна ја криеја од очите на јавноста, а откако ја покажаа често споделуваат фотографии со неа.
Последна во низата објави во кои главниот лик е малата Нина, беше видеото кое го сподели пејачката. Во истото малата Нина го покажа својот музички талент.
Имено, таа свири на клавир, а гордата мајка со опис „Љубов Нина“ и неколку срциња се пофали со својата наследничка. Дали можеби ќе запее Нина, останува да видиме во некоја следна објава на пејачката.