Го обвинува сопругот за неуспехот на тајниот план, иако за сè е виновен нејзиниот татко: Која е ќерката на Путин за чиј развод зборува цел свет
Марија Владимировна Путина се разведува до својот сопруг Јорит Фаасен, а се шпекулира дека за сè е виновен нејзиниот татко...
Не се знае колку точно деца има Владимир Путин, но за јавноста, официјално има две и тоа ќерките - Марија и Јекатерина.
Нив ги добил во бракот со сопругата Људмила Шкербнев, со која беше во брак долги 30 години. Марија е родена во Ленинград во 1985 година, а Јекатерина е родена во Германија во 1986 година, кога семејството живеело таму за време на ангажманот на нејзиниот татко во КГБ.
Девојките биле ученички во училиште во кое се учело на германски јазик, а потоа наводно биле исфрлени од образовните институции кога Путин станал вршител на должноста претседател, и наставници ги школувале дома. Сепак, тоа не била препрека за да постигнат успех во животот. И додека младата Јекатерина живее луксузен живот по кариерата како гимнастичарка, постарата ќерка на Путин тргнала по друг пат.
Марија најпрво студирала биологија на универзитет и одела во медицинското училиште во Москва под лажен идентитет, а денес е медицински истражувач во Москва, каде до скоро живееше со својот сопруг Јорит Фаасен со кој наводно има едно дете.
Меѓутоа, како што пишуваат странските медиуми, нејзиниот брак завршил поради тајните планови на кои работела со години. Имено, марија имала желба да отвори елитен медицински центар за супербогати странци, меѓутоа, бизнисменот и милијардер Јорит тоа не успеал да ѝ го исполни.
Од друга страна, руските новинари пишуваат дека Јорит не е одговорен, туку за крајот на сонот на ќерката на Путин е заслужен нејзиниот татко. Како што раскажа за „Daily Mail“ протераниот руски истражувачки новинар Сергеј Канев, Путин „завршил лоша работа за својата постара ќерка“, бидејќи Западот поради војната во Украина иам големи санкции за Русија.
„Таа има голем дел во мегапроектот за изградба на медицински центар во близина на Санкт Петербург. Плановите беа да се привлечат пациенти од Европа и богати шеици од земјите од Персискиот залив. И сега, по нападот на Украина, кој од Европејците и шеиците ќе додје?“ - кажа Канев.
Уредникот на рускиот „Инсајдер“, Роман Доброхотов, не изнесе повеќе детали кога и поради што се развела двојката, но се верува дека сето ова започнало и пред војната во Украина. Двојката има дете чиј идентитет Путин никогаш не го призна, како ни деловните потфати на неговите ќерки, а камоли детали од нивниот приватен живот.
Јорит за кој се знае дека долго работел во Рисија во Гаспромбанк-Инвест и Стројтрансгаз, е холандски бизнисмен чиј татко бил полковник во холандските вооружени сили. Холандскиот зет на Путин еднаш кажа: „Оженет сум со Русинка и имам деца“.
Scheiding van NL Jorrit Faassen https://t.co/qhLPYPSfvJ
— AntiSymphathist (M) Hij/Hem He/Him (@CuriJus) March 23, 2022
Од друга страна, Марија е водечки научник во Националниот медицински истражувачки центар за ендокринологија во Министерството за здравство на Русија. Минатата година, таа беше интервјуирана на „Rossiya 24“ за напорите на Русија да се бори против ретките генетски болести кај децата, без да открие дали е ќерка на Путин.
Таа објасни дека не постои лек за генетските болести, но дека генетското тестирање може да помогне во фазата пред зачнувањето, за да се утврди дали родителите се носители на несакан ген. Таа е и експерт за хипопитуитаризам или џуџест раст, пишува „Daily Mail“.
Maria Vorontsova aka Mariya Vladimirovna Putina born Apr-28-1985 aka Maria Faassen is a pediatric endocrinologist and the eldest daughter of Russian President Vladimir Putin. pic.twitter.com/wBeRBb7Jlu
— Freddie Saxon (@WordsmithSaxon) February 26, 2022
фото: Принтскрин / Јутјуб