Го победи ракот, а сега ѝ е дијагностицирана доживатна болест: Холивудската актерка денес се бори во инвалидска количка
Актерката Кристина Еплгејт потврди дека на 49 -годишна возраст, таа боледува од тешка болест - мултиплекс склероза, доживотна болест која влијае на мозокот и нервите.
Кристина Еплгејт им се обрати на сите обожаватели на Твитер со една тажна порака.
„Здраво пријатели. Дијагностицирана ми е МС пред неколку месеци. Ова ќе биде чудно патување. Но, добив толку голема поддршка што ми значи многу. Тоа беше напорно. Како што сите знаеме, животот продолжува“ - почна актерката, па продолжи со следниот твит:
„Како што кажа еден од моите пријатели со МС - Морам да дадам сѐ од себе и да ги преземам работите во свои раце. И тоа го правам. Затоа сега барам приватност. Додека минувам низ ова. Ви благодарам на сите.“
Очекувано, актерката наиде на голема поддршка од сите оние кои ја добија оваа порака. „Ви испраќам светлина. Бидете силни и молете се за себе и за вашето семејство. Вие сте силни, но во ред е да не бидете такви цело време“ - ѝ напиша еден следбеник.
„Нека твоите пријатели и семејството бидат твојата сила. Ти си една од моите омилени актерки и инспирација. Ти си борец. Ние секогаш навиваме за тебе“ - се согласи друг.
Да потсетиме, на убавата актерка ѝ беше дијагностициран рак во почетната фаза, за време на рутински преглед. Генетското тестирање идентификуваше мутација во генот BRCA1, што ја прави поподложен на оваа болест. Еплегејт имаше двојна мастектомија и целосно закрепна. Мајката на овој храбра 47-годишна актерка исто така преживеа рак на дојка.
фото: Profimedia