Го посвоила како мал и се грижела за него: Останала без работа, а момчето (12) ѝ дало трогателно ветување

Го посвоила како мал и се грижела за него: Останала без работа, а момчето (12) ѝ дало трогателно ветување

Објавена во: Живот // Живот

Жена посвоила мало момче кое ги изгубило родителите на рана возраст. Откако останала без работа, момчето ѝ дало трогателно ветување.

Речиси сите бразилски медиуми пишуваат за 12-годишното момче Ериксон Бастос. Малото момче ги изгубило родителите на многу рана возраст, а бидејќи немало блиски роднини, постар брачен пар го посвоил и му ја дал сета потребна љубов и топлина на домот.

Поминала една година, момчето пораснало, а веќе на 12 години дозна какви се тешкотиите во животот, колку може да биде тежок животот и дека мора да работи за да се издржува себеси и семејството.

Ериксон вложува големи напори да им помогне на родителите, односно на посвоителите кои останале без работа поради пандемијата на Ковид.



Момчето се грижело за своите посвоители

Имајќи на ум дека никој не сака да ги вработи бидејќи се веќе стари и немаат пристап до Интернет, тие биле принудени да останат без пари и на работ на егзистенција, додека Ериксон не ги земал работите во свои раце.

Тој им ветил дека ќе им помогне и почнал да ги извршува задачите според возраста. Така, на пример, им помагал на своите соседи носејќи им ги торбите и им ги извршувал домашните работи во замена за пари за да купи храна за себе и за своите посвоители кои веќе не се способни да вршат тешка физичка работа.

Иако многумина сметаат дека ова е на работ на детска експлоатација, Ериксон не се согласува со тоа и тврди дека експлоатација е кога некој принудува некого да работи, а тоа што го прави не е под принуда, туку затоа што само го сака тоа.

- Се додека имам сила ништо нема да ни недостига. Ми дадоа љубов и дом, а сега на ред сум да им помогнам во неволја – додаде малото момче.

Во меѓувреме, по написите во медиумите, неговиот татко добил соодветна работа, но без разлика на тоа, Ериксон сака да продолжи да заработува и да придонесува што повеќе.


Foto: Instagram



Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: