Го продлабочуваат конфликтот: Канје Вест ја објави домашната адреса на Дрејк на Интернет

Го продлабочуваат конфликтот: Канје Вест ја објави домашната адреса на Дрејк на Интернет

Објавена во: Stars // Музика

Контроверзниот рапер Канје Вест на Инстаграм ја објави домашната адреса на својот колега Дрејк.

По вербалниот конфликт и навреди до кои дојде поради Ким Кардашијан, сега веќе поранешната партнерка на Канје, раперот на социјалните мрежи ја објави домашната адреса на Дрејк во Канада, со што ја загрози неговата безбедност.

„Сакам да знам што Дрејк мисли за ова. Што ќе се случи, Канје? Неговата адреса ќе биде насекаде на „Гугл“. Ова е многу чудна работа“ - гласат коментарите на загрижените обожаватели под фотографијата која раперот ја објави.

Откако Канје и Ким се разделија и ја започнаа бракоразводната постапка, странските медиуми пишуваа дека Дрејк ѝ „фрлил око“ на Ким и наводно ѝ испраќал интимни пораки.

Според пишувањата на тамошните медиуми, Дрејк сака да ја освои.

Освен тоа, обожавателите на Дрејк тврдат дека канадскиот рапер во своите песни алудирал на тоа дека имал интимни односи со ријалити ѕвездата, а на Канје не му се допаднало тоа што Дрејк тоа никогаш не го негирал, поради што настана и конфликтот помеѓу нив.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: