Го собори рекордот на Витни Хјустон: Тејлор Свифт пишува историја

Го собори рекордот на Витни Хјустон: Тејлор Свифт пишува историја

Објавена во: Stars // Музика

Поп ѕвездата продолжува да реди рекорди со новиот албум...

Новиот албум на Тејлор Свифт, „folklore“, веќе шеста недела се наоѓа на првото место на листата на Билборд - Hot 200. Со ова го собори рекордот на Витни Хјустон, која е единствена жена во светот на музиката на која и успеа ова.

За споредба, албумот на нејзиниот поранешен ривал, објавен минатата недела, стигна само до 5-тото место со 50 илјади продадени примероци. Тоа значи дека Свифт во моментов, шест недели подоцна, сè уште е најбараниот музичар во светот.

Тејлор на албумот соработуваше со музичкиот херој, па така фронтменот на бендот „The National“, Арон Деснер, работеше со неа на 11 песни, додека карантинот го поминуваше со семејството.

Остатокот од песните ги напишаа Џек Антоноф, Вилијам Бауер и Бој Ајвер.

„Пред оваа година, веројатно би размислувала кое е „совршеното време“ за да го објавам албумот, но секојдневно ме потсетува на тоа дека ништо не е гарантирано“ - нагласи Свифт.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: