Го собори рекордот за најскап стајлинг досега: Георгина Родригез прошета облечена во два милиони евра (ФОТО)
Георгина Родригез прошета по улиците во стајлинг кој чини неверојатни два милиони евра!
Доволно ѝ е да направи едно селфи, а големите фанатици почнуваат да ги бројат трошоците за накитот што го ставила, некој моден додаток или било што луксузно што привлекува внимание.
Медиумите дури пишуваа и за мајката на Кристијано Роналдо, за која се шпекулира дека е главниот виновник зошто славниот фудбалер се уште не се оженил за Георгина Родригез. Како причина се наведува провокативното облекување.
Свесна за коментарите што ги предизвикува, изгледа дека Георгина решила да се прошета во најскапиот стајлинг досега! Верувале или не, тоа што го облекла чини неверојатни два милиони евра, а најскапи на неа се модните додатоци.
Таа се прошета по улиците на Манчестер во син фустан од Стела Макартни, кој чини 1.900 евра и кој одлично ја истакнува фигурата. На нозе носи LeSilla штикли од 765 евра, додека чантата Hermes која ја држи во рака чини 94.000 евра!
Модните додатоци кои ги носеше тој ден, два прстени и многу скап часовник, значително ја зголемија цената на целиот аутфит.
Првиот е прстен со дијаманти и сафири, кој чини 800.000 евра, а вториот е Картие од 700.000 евра! Згора на сето тоа, Георгина стави и часовник Rolex чија цена е неверојатни 550.000 евра, кој е изработен од 18-каратно бело злато и украсен со дијаманти.
извор:mondo