Го спои неспоивото: Сите зборуваат за комбинацијата која Ријана ја носеше на љубовниот состанок
Што мислиш за оваа нејзина комбинација?
Ријана е една од оние личности кои може да износат баш сè. И кога ќе видиме модна комбинација која на неа изгледа апсолутно совршено, помислуваме дека и ние можеме да го износиме тоа, но потоа следува разочарување. Бидеќи изгледаме како кловн, а не како дива.
Ова дефинитивно е комбинација на неделата, иако неделата само што започна. Ријана изгледа како „hot mess“, но во нејзиниот случај згоден „hot mess“. Параците ги уловија неа и АСАП Роки за време на љубовен состанок, а она што на сите им падна во око е нејзината комбинација. За било кој да се обиде да го ископира ова, гарантираме дека нема да изгледа волку добро, бидејќи сите парчиња изгледаат неспоиво. Гламурозните сандали со дијаманти и обетките во истиот стил ги искомбинира со „оверсајз“ спортски дрес, преголема јака и ракавици за скијање.
На себе не носеше панталони, а успеа комбинацијата да ѝ чини повеќе отколку целата содржина во нашите плакар. Спортскиот дрес и виоските потпетици со дијаманти не се нешто што некој би го споил, но сите го фалат нејзиниот изглед. Ова е комбинација која дефинитивно или ќе ти се допадне или ќе ти биде нешто најлошо што некогаш во животот си видела да носи Ријана.
Ова е само доказ дека во модата нема граници и кој вели дека не можеш да ги споиш елегантните високи потпетици со некое апсолутно спортско модно парче. Ако ѝ успеа на неа, можеби ќе ти успее и тебе. Само разликата е во тоа што Ријана има воза кој ќе ја однесе до локација каде треба да оди на состанок и не мора да се смрзнува во јавниот превоз.
фото: riripoland / Instagram