Го закопаа „Internet Explorer“ и му подигнаа споменик: „Беше добра алатка за преземање други веб-пребарувачи“

Го закопаа „Internet Explorer“ и му подигнаа споменик: „Беше добра алатка за преземање други веб-пребарувачи“

Го закопаа „Internet Explorer“ и му подигнаа споменик

„Internet Explorer“ замина во историјата, а за тоа ѝ е особено жал на Јужна Кореја, која до последниот ден се потпираше на тој пребарувач. Во таа земја, „Internet Explorer“ доби споменик.

Споменикот го подигна Јунг Ки-Јанг, јужнокорејски софтверски инженер. Во спомен на „смртта“ на „Internet Explorer“, тој помина еден месец дизајнирајќи го овој споменик. Дизајнот го чинел 430.000 вони (околу 320 евра).

„Беше добра алатка за преземање други веб-пребарувачи“ - пишува на споменикот.

Откако „Explorer“ престана да работи, фотографијата од споменикот стана вирална. Јунг вели дека сакал да ги насмее луѓето со споменикот, но сепак е изненаден од тоа колку тој станал популарен.

„Тоа е уште една причина да му се заблагодарам на „Explorer“, ми дозволи да се пошегувам на глобално ниво. Жал ми е што го нема, но нема да ми недостига. Така што неговото заминување е добра смрт за мене", изјави Јунг за „Ројтерс“.

Јунг рече дека овој пребарувач одиграл голема улога во неговиот бизнис.

„Тоа беше мачење, но јас би го нарекол врска на љубов и омраза бидејќи „Explorer“ доминираше во една ера“, рече тој. Неговите клиенти постојано барале од него да се погрижи нивните веб-страници да изгледаат добро во „Explorer“, кој со години беше стандарден пребарувач во јужнокорејските владини канцеларии и многу банки, пишува „B 92“.


Извор: 6yka.com


Можеби ќе ве интересира: