Го запозна со семејството: Мајли го однесе новото момче на венчавката на брат ѝ
Мајли и Коди се заедно скоро 32 дена. Доколку ти изгледа дека работите помеѓу нив се одвиваат пребрзо, внимавај на ова: заедно заминале на венчавката на нејзиниот брат Брејсон.
Му честитаме на Брејсон и неговата избраничка, а очигледно и Мајли и Коди, бидејќи нивната врска ја подигнале на повисоко ниво.
Сето ова Мајли го сподели на својот Инстаграм профил со пресладок опис:
„Мојот помлад брат се ожени на прекрасен сончев ден, на истите ридчиња каде што си игравме како деца... Те сакам Брејсон. Толку сум среќна за тебе и Стела.“
Мајли исто така сподели и видео на кое таа и нејзиното ново момче танцуваат во дневната соба.