Годинава ќе матурира: Лина Пејовска ја сподели фотографијата за табло

Годинава ќе матурира: Лина Пејовска ја сподели фотографијата за табло

Објавена во: Совети // School zone

Пејачката Лина Пејовска оваа година ќе матурира и ќе стави крај една етепа од својот живот. Таа е ученик во скопската гимназија „Јосип Броз - Тито“, а вчера на својот Инстаграм профил ги сподели фотографиите кои ќе се најдат на матурското табло.

Иако целосната комбинација не се гледа, може да забележиме дека Лина за оваа прилика се фотографираше во црн „Најк“ дуксер. Освен онаа на која што е насмеана, таа сподели и фотка на која носи заштитна маска.


Со оглед на целата ситуација, и оваа година е неизвесно дали ќе има матурски забави и дали ќе имаме можност да видиме за каква комбинација ќе се одлучи Лина по тој повод. Сепак фотографиите за таблото ќе сведачот за крајот на едно поглавје во нејзиниот, но и во животот на секој матурант.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: