Голем чекор во кариерата на Ариана Гранде

Голем чекор во кариерата на Ариана Гранде

Објавена во: Stars // Музика

Годинава што започна по сè изгледа ќе ѝ донесе многу промени на Ариана Гранде.

Додека ги најавува новите песни и новиот албум, Ари има уште едно изненадување за нејзините обожаватели „арианаторите“. Имено пејачката ќе учествува на овогодинешниот фестивал „Коачела“ кој ќе се одржи од 12 до 14 односно од 18 до 21 април во Калифорнија.

„Коачела“ е еден од најголемите музички фестивали на светот. Прв пат е одржан во 1990 година, а до денес на него настапиле речиси сите познати светски музички имиња. Овој фестивал претставува огромен престиж  и е голем чекор во кариерата на секој музичар.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: