Голем стрес за Лејди Гага: Понуди голема сума пари на оној што ќе и ги врати кучињата
Пронајдени се киднаперите на кучињата, а повредениот чувар се опоравува, соопшти пејачката Лејди Гага која во Италија снима филм.
Пред два дена беа украдени кучињата на Гага, кога додека шетајќи ги надвор, е ранет нивниот шетач Рајан, а кучињата беа однесени некаде. Но подоцна една жена ги вратила во полиција.
Лејди Гага на Твитер, напиша: „Продолжувам да го сакам Рајан Фишер, тој го ризикуваше својот живот борејќи се за нашето семејство. Вие секогаш ќе бидете херој“.
Познато е дека Гага е крајно заштитнички настроена кон кучињата, кои ја придружуваа на Американските музички награди и нејзиниот настап за време на полувремето на 51. Супер Боул, последниот натпревар од Националната фудбалска лига во САД.
Се појави и видео снимка на која се гледа како еден од осомничените пука кон Фишер, а потоа бега со кучињата Коџи и Густав.
Третот булдог, Мис Ејџ, избегал, а подоцна полицијата го пронашла.
Гага меѓу другото понуди 500 000 долари за оној кој безбедно ќе ги врати кучињата дома.