Голема гужва на бензинска станица во Скопје: Лара направи хаос (ВИДЕО)
Најпосетувани места последните неколку месеци се дефинитивно бензинските станици. Но, сега причината за големата гужва e нешто сосема поразлично. На бензинската станица ОКТА во Автокоманда, македонската пејачка ЛАРА, приреди вистинско филмско доживување снимајќи го спотот за нејзината нова песна „Ремек дело“.
Масовна продукција и интригантното сценарио во кое младата пејачка ги покажува и своите танчерски способности заедно со членовите од училиштето за хип хоп и модерни танци „Break a leg“, кореографија на Миа Ристевска, зборуваат за нешто сосема различно и нешто ново на македонската модерна музичка сцена кое може да се мери со светските музички проекти.
Фузијата на сексапил и уметност, преку брзата промена на кадри и секогаш присутниот фактор на изненадување, го карактеризира овој видео-спот како Светски продукт, а во кој ЛАРА уште еднаш го потврди статусот на една од најдобрите млади поп ѕвезди која и овојпат има нов хит.
Песната има моќ да ве подигне, да ве натера да танцувате и да се препуштите на убавината на звуците. Текстот, како и досега во песните на Лара, е збир од стихови кои креираат содржина достојна за паметење навек, а овојпат и зачинет со нејзин удел.
На почетокот и на крајот на песната, се јавува гласот на водителката Сандра Јовановска, која испраќа моќна порака и поддршка до публиката да се слуша македонска музика.
Ова „Ремек дело“ е создадено од ЛАРА, македонскиот музички продуцент Дарко Димитров и Робин Зимбаков, кои уште еднаш докажаа дека македонската музика има иднина.
Потписот за стилот на младата пејачка и нејзиното друштво е на Викторија Бурсак која креираше модерен летен микс од брендови и бои.
За крај, уживајте во новата музичка видео приказна и дозволете да ве понесе ритамот на „Ремек дело“.