ГОРДИ сме на неа! Дали евровизиската песна овојпат ќе ја скраси Антониа со победа?

ГОРДИ сме на неа! Дали евровизиската песна овојпат ќе ја скраси Антониа со победа?

Објавена во: Мода // Moj стил

Петтата јубилејна сезона на „Ѕвездичките на Пинк“ дојде до својот крај. Претходните 8 месеци имавте прилика да следите сјајни настапи, брилијантни таленти и невидени перформанси, а сега е време да се избере најдобриот.

Од вкупно 12те изведувачи вечерва кои се борат за врвот, нашата Антониа настапи 11 по ред на сцената. 

Вечерва Антониа се претстави со овогодинешниот избор на песна за Евровизија „Proud“ од Тамара Тодевска, каде што таа учествуваше како придружен вокал. Прекрасната изведба на Антониа со леснотија ги засени сите претходни настапи и уште еднаш покажа сериозност и умешност во своето пеење.

Преубавата Антониа беше облечена во црвен комбинезон и бела широка наметка. Секогаш своја и секогаш чувана како најдоброто за крај, нескромно ги доби сите најпозитивни коментари. 

Сепак, колку и да е прекрасна, ние најмногу и се воодушевуваме на нејзината внатрешна убавина и талент, кои секогаш ќе ја издвојуваат од сите.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: