Грчкото гиро во центарот на Скопје, сепак е македонско

Грчкото гиро во центарот на Скопје, сепак е македонско

Објавена во: После „Школо“ // PR

Во строгиот центар на Скопје, спроти Соборниот храм, веќе четери месеци работи Гиро Хаус (GYRO HOUSE) грчки ресторан за брза храна кој прави вкусни гиро и суфлаки оброци по автентични грчки рецепти. Нема кој не слушнал за нив во Скопје, а и пошироко. Направија бум на пазарот на брза храна! И ние ги пробавме и бевме воодушевени од вкусот, може да се каже дека се подобри дури и од оние на популарните грчки туристички места!

Тоа предизвика љубопитност кај нас да истражиме околу нивниот бренд и да добиеме повеќе информации околу нивните рецепти. Првичната информација што ја добивме е дека сопствениците се од Солун, но, кога се јавивме на нивниот телефонски број и побаравмe да закажеме состанок, се запознавме со младиот сопственик Кристијан од Скопје.

Кристијан Угриновски (21г.) е млад бизнисмен и Гиро Хаус е негов прв проект кој го добил како идеја уште во студентските денови кога работел како гиро мајстор во ресторани на повеќе места во Грција. Во интервју со него дознавме дека две години работел на откривање на тајните на занаетот па работел извесно време и во фабрика за производство на месо за гиро. Неговиот стил на приготвување на грчките рецепти во Гиро Хаус е негов личен рецепт, создаден од искуството кое го стекнал од повеќе различни гиро мајстори во Грција.

Во интервју со сопственикот го прашавме подетално околу идејата за бизнисот, рецептите за гира, резултати од работата и каков е фидбекот од клиентите:

“Идејата е една многу интересна приказна. Уште како дете многу сакав грчко гиро, но вкусот кој го имаше на нашиот пазар беше далеку од она што со сласт го јадевме во Грција, па се случуваше некогаш да одиме и по 300 км за еден ден само затоа што јас го обожавав нивното гиро. Поминуваа години со надеж дека можеби ќе отворат ресторан во Скопје со навистина добро „грчко гиро“, се додека мојата желба не стана идеја и амбиција јас да бидам тој што ќе го донесе прекрасниот вкус на грчкото гиро кај нас.

Доста време беше потребно да се достигне нивото на знаење и искуство на кое целев, и сакав што поскоро да го споделам тоа и кај нас со отворање на сопствен бизнис - грчки ресторан во центарот на Скопје. Така се роди GYRO HOUSE.

Но, не беше лесно да се отвори ресторан во време на пандемија и светска економска криза, каде што основните намирници варираат од ден во ден како на берза, се соочуваме со дефицит на стручен кадар и имаме висока стапка на инфлација. Сепак можам да се пофалам за досегашните позитивни резултати и воедно да се заблагодарам на луѓето кои веруваа и ме подржуваа.

Денеска GYRO HOUSE се состои од персонал со 10 стручни лица во областа на гиро светот. Можам да кажам дека сме повеќе од задоволни со подршката која ни ја даваат редовните потрошувачи, а ги очекуваме и оние кои допрва ќе не дознаваат и ќе ги пробаат нашите гира. Секако дека сме отворени и за добронамерни критики затоа што целта ни е да сме најдобри и да ги задоволиме и најпребирливите клиенти. Впрочем тука не застануваме, иако се уште сме нови со само 4 месеци работа, успесите ни се мотив плус за поголеми планови во иднина да го развиваме и прошируваме брендот GYRO HOUSE. ” – изјави Кристијан.

Наша топла препорака е да ги посетите и да ги пробате нивните превкусни гира и суфлаки оброци. Се наоѓаат во строгиот центар на градот, спроти Соборен храм, а имаат и достава до дома или канцеларија. 

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: