Грешка која секој би сакал да му се случи: Купила фустан за матура преку Интернет, а ѝ пристигнало ова
Ако некој има среќа, тогаш тоа е оваа девојка...
Пролетта полека се наближува, а со пролетта доаѓа и периодот во кој многу девојки купуваат свечени фустани и костими за матурската вечер и многу други свечености кои се слават во текот на летото. Оваа девојка е во иста ситуација, само што при нарачувањето на нејзиниот фустан имало мал проблем.
Оваа девојка можеби живее нечиј сон, бидејќи при нарачката на фустан за матура ѝ се случило нешто неверојатно. Имено, таа преку онлајн продавница одлучила да го нарача својот фустна, кој пристигнал, но во 24 примероци. Ни помалку, ни повеќе, туку истиот фустан го добила во 24 примероци, иако нарачала смао еден, бидејќи сепак само еден и е потребен. Снимила и видео во кое се гледа дека го носи истиот фустан, а потоа го снимила и креветот на кој биле изложени и другите фустани кои ѝ пристигнале.
@anniebannanie230 I didn’t even get the one I wanted#prom #fyp #dress #school #girls sound from heyitssarahw - scottkress
Станува збор за среќа, бидејќи на другите девојки фустаните можеби воопшто не им стигнале, додека таа добила повеќе од 20 парчиња. Но, таа од сите тие фустани не го добила токму тој што првично го сакала и нарачала. Набрзо потоа објавила видео во новиот фустан, кој е многу сличен на сите други, и напишала дека повторно го нарачала и дека сега има вкупно 25 фустани. 24 од еден ист модел и еден кој го нарачала дополнително, бидејќи првично го сакала тој.
@anniebannanie230 Reply to @h_bases7 original sound - Sarah
Ова се само некои од маните на онлајн купувањето. Без разлика на тоа, конечно го има оној модел на фустан кој навистина сака да го носи на матурската вечер, но сѐ уште не открила што ќе направи со остатокот фустнаи, но претпоставуваме дека сепак ќе ги врати, бидејќи навистина не ѝ се потребни останатите, скоро па идентични фустани.