Грета одби уште една награда: Не сакам награди сакам промени
Активистиката Грета Тунберг, тинејџерката која инспирираше милиони луѓе ширум светот на протестите против климатските промени да ги повикуваат лидери, одби да прими уште една награда за допринос во заштите на средината, наведувајќи дека на „климатското движење не му е потребна уште една награда“ - пренесува АП.
Во соопштението кое на свеченоста во Стокхлом во нејзино име прочила две активистки, Тунберг наведува дека наградата од Северниот совет е чест, но дека е потребно „владетелите и политичарите да слушаат што стои во истражувањата“.
Тунберг, која беше помеѓу кандидатите за Нобелова награда за мир, одбила една награда и во ноември 2018 година, бидејќи многу од финалистите морале на церемонијата во Стохлом да дојдат со авион.