„Гугл“ се користи сѐ помалку: Новите генерации за пребарување користат други две страници (ВИДЕО)
Иако сме навикнати да „гугламе“, тоа за неколку години можеби ќе се промени...
Сѐ повеќе се споменува информацијата дека „Гугл“ полека заминува во заборавот. Барем додека се во прашање помладите генерации, кои па и да не го користат за некои основни пребарувања за кои вообичаено го користиме „Гугл“.
ТикТок е социјална мрежа која забелажа најголем пораст на популарноста од сите други, и тоа за краток временски период. Токму поради тоа, сите млади генерации го користат скоро за сѐ, па така и за пребарување на разни работи и информации кои инаку ги пребаруваме на „Гугл“. „Гугл“ во нивниот случај помалку заминува во заборав, бидејќи сѐ што пребаруваат, го наоѓаат на ТикТок или Инстаграм.
Еден од примерите кои ги навеле се рестораните, чии рецезии обично ги пребаруваме на „Гугл“ или „Гугл Мапс“, додека голем број малади, денес ги пребаруваат на ТикТок или Инстаграм и таму проверуваат дали вреди да се посетат. Токму поради тоа, можеби за неколку години и ќе заборавиме на терминот „изгуглај“, со оглед на тоа што тој се користи сѐ помалку, барем кога се во прашање младите генерации.
фото: unsplash.com