„Гугл“ со новитети кај пребарувањето поими во пребарувачот: Ќе може да додавате и сопствени фотографии
„Гугл“ престави многу нови опции...
Една од најголемите промени кои ги најавија од „Гугл“ е дека резултатите од пребарувањето ќе бидат визуелно претставени кога ќе пребаруваме одреден поим. Тој ќе прикаже неколку фотографии со пребаруваниот термин, без разлика дали претходно сме кликнале на опцијата „Фотографии на Google“. Покрај тоа, со пребаруваниот поим, автоматски ќе се генерира опција „Работи што треба да се знаат“, во рамките на кои ќе ги покаже сите најслични информации и извори со поимот кој го пребаруваме. Покрај сето погоре наведено, ќе има и многу други опции што ќе ни го пребарувањето, но дефинитивно една од најинтересните новини е тоа што со помош на наша фотографија, „Гугл“ автоматски ќе ни понуди решение за нашиот проблем/прашање.
Одличен пример за ова е, на пример, фотографија со скршен дел на велосипед, врз основа на која „Гугл“ веднаш ќе разбере точно за каков проблем се пребарува и ќе ги понуди потребните решенија врз основа на тоа. Во секој случај, сево ова дополнително ќе ни го олесни животот!
фото: mama_mia / Shutterstock