Х како знак за бакнеж во порака: Знаете ли како е дојдено до тоа?
Знакот Х, кој често се користи како знак за бакнеж, датира уште од Средниот век кога голем број од луѓето не знаеле да читаат или пишуваат, па ставале Х на документите наместо потпис и на тоа бакнеж за да ја искажат својата искреност.
„Неписмените луѓе го користеле Х за потпишување на документите. Обичајот им бил на Х да стават физички бакнеж“ - вели Марсел Данеси, професор по антропологија на Универзитетот во Торонто и автор на книгата „The History of the Kiss! The Birth of Popular Culture, about his take on the tradition“.
Можно е тоа да е причината зошто луѓето ставаат Х на писмата, а можеби се работи и за тоа дека на англиски бакнеж се вика „kiss“, а тоа помалку наликува на изговарањето на буквата Х (икс), сметаат некои.
Најстарото писмено користење на буквата Х како бакнеж датира од 1763 година, а станува збор за писмото на Гилберт Вајт. И Винстон Черчил испраќал такви бакнежи во писмата кои ги завршувал со „Ве молам простете ми на лошиот ракопис, во ужасно брзање сум. (Многу бакнежи.) Ххх WSC“. Тоа било во 1894 година.
Марсел Данеси има друга теорија.
„Х отсекогаш бил христијански симбол и тоа беше првата грчка буква за името Христово. Колку што знам, официјалните писма за време на средниот век, па и потоа, беа запечатени со Х како „запечатен бакнеж на верата“, претпоставувам“ - појасни тој.
„Од овој домен, Х скокна во друг, исто така, означувајќи бакнување, но поинаков вид на бакнување - повеќе романтично, отколку религиозно. Во еден момент, стана симболична практика кај сите“ - додава тој.
Освен тоа, доколку погледнете во пораката или писмото буква О, знајте дека тоа значи „прегратка“. Доколку имате и Х и О, тоа е „те бакнува и прегрнувам“.