Хајли Бибер индиректно порачува: Постојано ме споредуваат со Селена Гомез

Хајли Бибер индиректно порачува: Постојано ме споредуваат со Селена Гомез

Објавена во: Мода // Moj стил

Тешко е да се биде во брак со многу позната личност, а ниту Хајли Бибер не беше непозната, пред да се омажи со Џастин Бибер. Сепак, и таа самата признава дека мажењето со музичката ѕвезда ја вивнало во ѕвездите и дека воопшто не е пријатно, бидејќи ја мачи фактот што постојано ја споредуваат со некој - дали имате некаков сомнеж дека тоа е не е Селена Гомез?

Имено, Хајли минатото лето одлучи да се исклучи од Твитер, што не е вообичаено за млада ѕвезда, која е позната ширум светот. Сепак, таа се одлучи за ова со причина, а дури сега призна како ја гледа мрачната страна на социјалните мрежи.

„Откако се омажив, бракот ми пружи сосема нова перспектива поврзана со вниманието на светот. Најтешко во сето тоа внимание е тоа што константно бев споредувана во смисла со своето тело, изглед, однесување...“ - признава моделот.

Кога вели дека била „споредувана“, ни фали личноста која стои наспроти неа и со која твитерџиите ја споделуваат - дали сме сите сигурни дека во прашање е Селена? Да, особено затоа што Твитер навистина често е преплавен со споредби помеѓу нив две, а и Џастин имаше долги врски со двете девојки, па поради тоа, оваа споредба е природна, но Хајли не мисли така.

„Во еден момент се чувствував како целиот тој „хејт“ да е заслужен, дека тие гледаат нешто што јас не себе не го гледам. Мислев дека се во право. Ми се одвојуваа две реалности во глава“ - зборуваше таа за овој тежок период. Ниту една девојка не сака да ја споредуваат со друга.

Хајли и покрај сето тоа се навикна својот приватен живот прилично да го изнесува во јавноста, а искрена е и околу работите за кои грешела - на пример, неодамна призна дека се кае што на 18 години истетовирала пиштол, а често и таа и Џастин зборуваат за предизвиците кои ги носи брачната заедница.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: