Хајли Бибер: Срам ми беше да го бакнувам Џастин, сѐ помалку сакам деца

Хајли Бибер: Срам ми беше да го бакнувам Џастин, сѐ помалку сакам деца

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Хајли Бибер неодамна зборуваше за тоа што ја нервира кај Џастин, а сега во новата доза искреност истакна дека многу се срамела да го бакнува во јасност. Во интервјуто за италијанскиот „Vogue“, та аистакна дека не била среќна поради сознанието дека ги гледаат луѓето.

„Ми беше тешко да разберам како да ја одржам таквата врска, пред очите на сите“ - истакнува таа. „Меѓутоа, дојде време кога мора навистина да прифатите и да си признаете себе кои сте. Многу долго не можев да го направам тоа. Не го бакнував во јавност, не ми се допаѓаше идеата да не гледаат луѓето во одредени моменти. Меѓутоа, она што го сфатив е дека ова е битка која на долга стаза само ќе ме измори наместо да ме заштити. Факт е дека ние се сакаме и нема од што да се криеме.“ Многумина сакаат да знаат дали младиот пар сака деца во скоро време, а Хајли даде одговор и на ова.

„Најчудната работа е што секогаш сакав рано да родам деца, но сега кога се омажив, сѐ помалку ја чувствувам таа потреба“ - вели таа. „Јас сум амбициозна девојка која има многу проекти. Ќе се случи и тоа, но не сега.“ И Џастин се помири со тоа дека нема да му се исполни желбата да стане млад татко. „На нас и понатаму бракот ни е свеж. Мислам, двегодишнината ни беше сега во септември“ - истакнува музичарот. „Ние уживаме во времето кое го поминуваме заедно додека се запознаваме сѐ подобро“.

И покрај пробните гласини дека Џастин и понатаму мисли на Селеена, Хајли истакнува дека му верува. „Ние сега сме маж и жена, посветени сме еден на друг и пријатно се чувствуваме заедно. Ние сме индивидуи, но исто така сме и заедно. Нашата хемија е родена од таа приватна и силна приврзаност“ - заклучи таа и додаде: „Мора да се признае дека многумина се сомневаат дека овој брак ќе опстане.“


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: