Хајли откри необична случајност: Како завришија заедно со Бибер?
Поради едно глупаво гостување на телевизија и една глупава изјава, Хајли и Џастин сега се заедно.
Судбина или нешто друго? Хајли Бибер за време на своето последно гостување во „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“ раскажа приказна која ги освои сите. Откри една луда случајност која довела до тоа таа и Џастин да завршат заедно.
Колку и најмалите ситници може да ги променат работите и да направат пресврт во животот во тотално друга насока, покажа и Хајли Бибер. На своето последно гостување кај Џими Фалон, раскажа како започнала нејзината љубовна приказна со Бибер. Иако се запознале уште одамна, во 2009 година, кога имала само 13, а Џастин 15 години, тогаш биле само пријатели.
Кога нејзиниот татко ја однел на шоуто Today, каде гостувал Џастин Бибер, таа не ни знаела кој е тој. Сосема случајно нејзиниот татко и мајката на Бибер започнале да зборуваат и се договориле да го продолжат некој друг ден дружењето. Хајли тогаш не ни би помислила дека Џастин би можел да се заинтересира за неа, а од таа средба настанала и нивната заедничка фотографија, која во последно време кружи на Интернет. Се знаеле, дружеле, но не ни помислиле за тоа да бидат заедно. 10 - тина години подоцна, поточно во 2018 година, кога Хајли гостувала кај Џими Фалон, разговара со него за се и сешто, а помеѓу останатото покажала и еден свој забавен трик - дека може со заби да отвори шише со пиво, а по шоуто и се јавил Џастин.
И кажал дека го гледал нејзиното гостување кај Џими, дека изгледа супер и дека немал поима дека може да отвори шише со заби и дека тоа е кул. Започнале да разговараат и една година подоцна се венчаа. Благодарејќи на Џими Фалон и забавниот трик.