Хакери напаѓаат луѓе преку пораки на Инстаграм и им ги преземаат профилите: Како да ги препознаете и избегнете?

Хакери напаѓаат луѓе преку пораки на Инстаграм и им ги преземаат профилите: Како да ги препознаете и избегнете?

Моментално на мета се хакерските напади на Инстаграм. Една до најпопуларните социјални мрежи со скоро најмногу корисници на светот е на мета на хакерите и хакерските напади. Нивната цел е кражбата на вашите податоци и преземање на вашите постоечки профили.

На Инстаграм започнаа нови хакерски напади попознати како „фишинг“ метод. Станува збор за најчестата метода на хакерските напади, каде хакерите се обидуваат да ја наведат жртвата да отстапи од своите објави и доверливи податоци кои подоцна напаѓачите ги користат за злонамерни активности. Овој метод се појавува во ДМ пораките на Инстаграм каде тие се претставуваат како корисничка служба на Инстаграм и со тоа од вас ги бараат вашите лични податоци како корисничко име и лозинка од оваа платформа.

Понатмау во пораката се закануваат дека колку не го кажете вашето име и лозинка и доколку не го потврдите постоењето на вашиот Инстаграм профил, истиот во рок од 24 часа ќе биде изгасен. Откако ќе им ги отстапите податоците и одобрите тоа, односно потврдите профилот на линкот кој ќе ви го испратат тие автоматски го преземаат вашиот Инстагрма профил, ги бришат сите објави и следбеници и вашиот профил го користат за други злонамерни активности, во овој случај повторно претставување како „Инстаграм поддршка за корисници“ и хакираат други профили. Најлошото од сето ова е тоа шот навистина изгледа како да ве контактирала поддршката за корисници на Инстаграм, бидејќи линкот кој ви го праќаат ве носи до потврдување на профилот, кој изгледа изгледа идентично како на оригиналната Инстаграм страница.

Постојат начини како да ги препознаете хакерите. Во продолжение ви подаруваме неколку совети:

# Препознај ги пораките со закана - имено, кога некој, во овој случај со „фишинг“ напад сака да ги украде вашите податоци, ќе ви постави ултиматум или одредена закана која ќе ве заплаши и ќе ве поттикне да го направите она што ви е кажано. Не наседнувајте на закани и немојте да попуштате.

# Сомнителни линкови - во овој слушај ви испраќаат линк преку кој мора да го потврдите својот постоечки профил. Во голем број случаи тие линкови се лажни, бидејќи и да направите некоја потврда, таа потврда би можела да се направи на самата апликација - без да се префрлате на некоја сомнителна веб страница.

# Вистинската поддршка за корисници не ги бара вашите податоци надвор од апликацијата - со ова се надоврзуваме на претходниот совет, а тоа е дека Инстаграм или Фејсбук никогаш не ги бараат вашите лични податоци надвор од апликацијата, на некои веб страници, туку само во постоечката апликација.

# Препознај го називот на сомнителниот профил - воглавно станува збор за моментално актуелни профили со овие називи: copyright.supportmedia, copyright.helpcenterx, copyrightcenterx.

# Препознај го доменот/адресата на веб страницата - неправилниот и чуден домен може да ви помогне да сфатите дека станува збор за измама. Доменот кој завршува со help-Instagrambusiness. CF е лажен без оглед на тоа што остатокот изгледа многу реално -help-Instagrambusiness. Ознаката CF по точката, на крајот од доменот, ви дава до знаење дека станува збор за ЛАЖЕН домен.


Можеби ќе ве интересира: