Халкбанк АД Скопје дел од поддржувачите на коалицијата „Priceless Planet“ - платфoрма на Mastercard насочена кон поздрава планета
Mastercardи Халкбанк АД Скопје ја објавуваат новата акција на PricelessPlanet, платформата која ги обединува корпоративните заложби за поздрава планета и овозможува значајни инвестиции за заштита и подобрување на животната средина.
Халкбанк АД Скопје заедно со партнерите од коалицијата Priceless Planet ќе учествува во заложбата за засадување на 100 милиони дрвја во светот во следните пет години. Мисијата на оваа коалиција е „Добро работење преку правење добри дела“. Во глобалната мрежа учествуваат светски познати банки и компании.
„Чест ни е што сме дел од коалицијата Priceless Planet предводена од Mastercard Како банка за која најважни се луѓето и нивната добростојба, заложбата за поздрава животна средина и намалување на штетните ефекти кои влијаат на сите, ни е од огромна важност. Ние и понатаму продолжуваме со вложувањата во еколошки процеси на работа и ги повикуваме нашите клиенти да не следат во заложбата за поздрава планета.“ – изјави Билал Суџубаши Главен Извршен Директор на Халкбанк АД Скопје.
Според едно ново истражување за одржливоста, нарачано од Mastercard, како резултат на КОВИД-19, се бележи зголемување на заинтересираноста на клиентите за заштита на животната средина. Повеќе од две петтини од жителите на Европа што учествувале во истражувањето (48 %) сметаат дека намалувањето на нивното влијание врз емисиите на јаглероден диоксид е далеку поважно сега во споредба со ситуацијата пред пандемијата. Всушност, повеќе од половина жители на Европа (52 %) сега се многу посвесни за начинот на кој нивните дејства влијаат врз животната средина, каде што припадниците од генерацијата З и милениумците (58 %) се најподготвени да преземат нешто. Сето ова укажува на еден растечки тренд кон еколошки свесно трошење и консумеризам меѓу луѓе што сакаат чинот на купување и добивање поени или награди да го претворат во дејство со одредена тежина за доброто на планетата.
Компаниите кои се дел од Коалицијата во светски рамки ќе продолжат да ги имплементираат сопствените стратегии за одржливост, како и да соработуваат преку Коалицијата во заедничките кампањи. Една од иницијативите ги охрабрува потрошувачите да користат јавен превоз, наградувајќи ги со засадување дрво, друга иницијатива овозможува при самото плаќање да се оствари донација за засадување на дрво. Кампањата ќе се реализиира и ќе биде поттикната во градови-партнери низ целиот свет вклучувајќи ги Лондон, Њујорк, Стокхолм, Хелсинки, Анкара, Барселона и други.
Сите клиенти на Халкбанка корисници на Мастеркард картичките добиваат можност да се приклучат кон оваа глобална акција и со секоја направена трансакција со Мастеркард картичките да се дел од поддршката на активностите и целите на коалицијата, како што е засадувањето 100 милиони дрвја на планетата во текот на следните пет години.
Следете ги Халкбанк и Mastercard на социјалните мрежи и дознајте како да се вклучите во следните активности на коалицијата Priceless Planet.
* ПР - објава