Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка
Во рамките на глобалната зелена иницијатива на „Мастеркард“, „Прајслес планет“, „Халкбанк“ АД Скопје вчера на Светскиот ден на планетата Земја организираше работилници со цел да ги поттикнат значењето на заштитата на животната средина и подигнувањето на еколошката свест.
Настанот се одржа во прекрасниот амбиент во Градскиот парк на Школка, каде што учесниците заеднички придонесоа за подобрување на животната средина преку работилниците за градинарство.
Децата, но и возрасните, уживаа во активностите и во процесот на садење по советите од стручните лица кои беа во улога на едукатори на самиот настан.
Споделувањето на искуства и моменти помеѓу различни генерации беше навистина убава глетка и се радуваме што присутните со голем ентузијазам и желба пристапија за да научат повеќе за хортикултурните практики. Од дедовци и баби до најмладите членови на нашата заедница, сите заедно го прославивме овој ден. Несекојдневно искуство, како што е и целиот концепт на Прајслес планет, беше присуството на работилниците со кое веруваме дека поттикнавме љубов кон растенијата и цвеќињата. Покрај тоа што се садеа шарени цвеќиња, учесниците насадија и билки кои се користат во исхраната како што се босилек, копар, нане а децата особено беа среќни садејќи ги нивните омилени јаготки. Настанот беше посетен и од развигорчињата на Првиот скопски извиднички одред, јато желади.
„Денот планетата Земја, во соработка со нашите партнери од Мастеркард, оваа година одлучивме да го прославиме со едукативна кампања и работилници наменети за граѓаните од кои што добивме впечатливи резултати – успеавме да споделиме многу важни и корисни информации за негувањето и одгледувањето на природата, засадивме бројни растенија, шарени цветни насади и заедно направивме чекор повеќе кон придонес за убава и чиста животна средина.
Се надеваме дека овој настан не само што беше забавен и едукативен, туку и нè поттикна да продолжиме со активности кои ќе ја штитат и негуваат нашата планета.
Голема благодарност на сите кои учествуваа и придонесоа за успешно остварување на овој настан. Нека нашите заеднички напори продолжат да бидат инспиративен пример за поддршка на нашата планета и нејзиното богатство“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.
Со долгорочниот ангажман на „Халкбанк“ за одржување на животната средина и партнерството со „Мастеркард“ во иницијативата „Прајслес планет“, уште еднаш се потврдува општествено одговорното дејствување на банката за подигнување на еколошката свест. Во иднина, „Халкбанк“ планира да ја поддржи оваа иницијатива преку различни кампањи, со цел да ги зголеми свеста на заедницата и индивидуалниот придонес кон заштитата на нашата планета.
ПР објава