Халкбанк и Халки повикуваат на заедничка роденденска прослава на Зоолошката градина во Скопје

Халкбанк и Халки повикуваат на заедничка роденденска прослава на Зоолошката градина во Скопје

Објавена во: После „Школо“ // PR

Халкбанк и слончето Халки ги повикуваат родителите и децата на заедничка дружбаза време народенденската прослава на Зоолошката градина во Скопје која ќе се одржи оваа недела на 1ви септември со почеток од 12:00 часот.

По повод 93-тиот роденден на скопската ЗОО градина се подготвува голема забава која ќе биде збогатена со наградна игра за посетителите, сечење роденденска торта, настап на Детскиот хор Златно славејче, Театарска претстава Волшебникот од Оз и парада на Дизни маскоти.

За време на прославата, присутните ќе имаат можност да се сретнат и со слончето Халки, маскотата на Халкбанк за детско штедење, кое што ќе ги забавува децата, ќе ги учи за значењето на штедењето и за тоа какода создаваат навики за штедење од рана возраст.

Халкбанка е потврден партнер на скопската ЗОО градина и во насоката на тоа парнерство и во иднина ќе ги поддржува активностите Зоолошката.


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: