Хаос во домот на Ражнатовиќ: Богдана во деветиот месец од бременоста се забавува без Вељко (ФОТО)
Постарата сестра на Богдана Ражнатовиќ има нов бизнис...
Освен Богдана Ражнатовиќ која се најде во центарот на медиумското внимание поради својот брак со Вељко Ражнатовиќ, и нејзините сестри се интересни за медиумите.
Како што е веќе познато, Бојана е омажена за синот на Гоца Божиновска, Мирко со кој има 2 сина. Меѓутоа, и постарата сестра на Богдана Ражнатовиќ е интересна за јавноста. Неа медиумите со месеци ја поврзуваа со синот на Злата Петровиќ, Јован, но тие ги демантираа овие наводи и нагласија дека само се дружат.
Богдана влезе во деветиот месец од бременоста и со нетрпение очекува на свет да донесе уште едно момче, а додека ги одбројува деновите до породувањето, има уште причина за славење.
Имено, нејзината сестра Наташа отвори ресторан, а на свеченоста по повод отварањето присуствуваше скоро целото семејство. Бојана не присуствуваше од оправдани причини, бидејќи неодамна се породи.
Цеца не се појави поради снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, Анастасија е во Севиља, а останува прашањето каде бил зетот Вељко.
Се претпотсавува дека ова отварање го прескокнал поради обврските поврзани со спортот.
На прославата Богдана блескала и се гледа дека навистина ѝ годи бременоста, а наскоро на својот првенец Жељко ќе му подари и помлад брат, на кој заедно со Вељко одлучија дека ќе му го дадат името Крстан.
фото: Принтскрин / Инстаграм