Хари и Меган „бесрамно ја плукнаа кралицата во лице“: Двојката повторно ги крши правилата, јавноста ги осудува

Хари и Меган „бесрамно ја плукнаа кралицата во лице“: Двојката повторно ги крши правилата, јавноста ги осудува

Објавена во: Живот // Живот

Двојката сега направи уште еден досега невиден потег...

Откако се преселија во САД, Хари и Меган не престанаа да ги кршат кралските правила.

Покрај тоа што се ангажираа политички за време на претседателските избори во САД, што кралското семејство го забранува на своите членови, двојката сега направи уште еден невиден потег, кој многу Британци го опишаа на социјалните мрежи како „бесрамно плукање во лицето на кралицата“, пишува „The Sun“.

Имено, следејќи го примерот на наградите што Кралицата ги доделува во име на Велика Британија на граѓаните и здруженијата за нивните посебни достигнувања и напори на повеќе полиња, како што се човековите права, медицината и културните придонеси, сега е воспоставен сличен систем на награди од 36 - годишниот принц и две години постарата сопруга, како дел од нејзината добротворна фондација Арчвел, именувана по нивниот едно и пол годишен син Арчи.

„The Sun“ тврди дека војводите од Сасекс им дале на своите адвокати документи и барање кои ќе ги поднесат за нивниот нов проект, со кој ќе и бидат конкуренција на кралицата, стане легален.

Новинарите добија увид во документите и видоа дека во нив пишува дека наградите ќе бидат распределени во категориите добротворна работа, образование, наука, литература, еднаквост меѓу расите, родова еднаквост, грижа за животната средина, здравјето и менталното здравје, и ова се сите теми кои се блиски до срцата на Хари и Меган, и за кои секогаш сакаат да зборуваат.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: