Хари и Меган ја споделија последната објава на „кралскиот“ Инстаграм
Им се заблагодарија на сите кои ги следеа, поддржуваа и пишуваа убави коментари и порачаа дека нивната работа продолжува, само повеќе нема да биде толку видлива за јавноста.
Меган Маркл и Хари ја споделија последната објава како кралски пар на кралскиот Инстаграм профил „Sassex Royal“ и со тоа официјално ставија крај на една ера. Хари и Меган на овој начин се поздравија со кралското семејство и обврските кои досега ги имаа, пишува Cosmopolitan.
„Иако можеби повеќе нема да не гледате како работиме, нашата работа продолжува. Ви благодариме на сѐ - поддршката, инспирацијата и коментарите со кои допринесовте за ширењето на доброто во светот. Се надеваме дека наскоро повторно ќе се поврземе со вас. А дотогаш, чувајте се и чувајте се едни со други. Хари и Мега.“ - напишаа под последната објава и се заблагодарија на следбениците, 11,3 милиони на број, колку што ги следат на овој профил.
Инаку, Хари и Меган и понатаму смеат да ги користат титулите кои ги добија, но тие го одбија тоа. Исто така, Бакингемската палата повеќе не одговара во нивно име. Официјално повеќе нема да го користат ниту Инстаграм профилот „Sassex Royal“, а нивното здружение „Sassex Royal“ нема да работи, поради што парот одлучи да основа ново.
—Harry’s sustainable tourism venture, #Travalyst, is now being established as an independent non-profit org in UK. He’s currently working with partners to better understand how they can “aid in global recovery” when restrictions related to controlling the Covid-19 pandemic ease. pic.twitter.com/presfOgjeD
— Omid Scobie (@scobie) March 30, 2020