Хари и Меган се откажаа од титулата, но Арчи мора да ги почитува правилата на монархијата: Како е можно тоа?
Желбата на војводата и војвотката од Сасекс да му обезбедат што е можно понормален живот на нивниот син беше очигледна уште пред да се повлечат од кралското семејство. По раѓањето на своето прво дете, парот одлучи да не ја добие титулата, но на крајот излезе дека Арчи сепак ќе биде под влијание на Круната, пишуваат медиумите.
Британското издание на „The Express“ известува дека во пракса, наследникот на Меган и Хари ќе стане принц, веднаш штом неговиот дедо, принцот Чарлс ќе стане крал на Англија. Тогаш позицијата на Арчи помеѓу другите негови роднини ќе се префрли за еден и тој повеќе нема да биде седми, туку шести по ред за да ја наследи круната.
Значи, кога ќе наполни 18 години, од Арчи ќе зависи дали ќе сака да биде нарекуван принц или да се користи со титулата Негово кралско височество (која неговите родителите веќе доброволно ја изгубија).
И според Актот за наследување на круната од 2013 година, кралското семејство до шестата позиција мора да добие дозвола од монархот за да се ожени. Ова значи дека, како и неговиот татко и неговите роднини, Арчи ќе мора да побара одобрение од неговиот дедо Чарлс или дури и неговиот вујко Вилијам, кога ќе се реши да го направи отј чекор.
Сепак, дотогаш има уште многу време и има најмалку две опции за барањето на дозвола да отпадне: доколку овој веќе старомоден закон повеќе не е на сила и ако принцот Вилијам и Кејт Мидлтон имаат уште едно дете.
Експертот за устав, Иак Мекмартан зборува за друг начин со кој би се спречило да се случи ова. „Навистина, во оваа ситуација, како што стојат работите во моментов, може да се очекува дека кога ќе се ожени синот на војводата и војвотката од Сасекс, тој да мора да побара дозвола од монархот, освен ако еден од неговите тројца братучеди не се ожени и има деца пред него.“ - објаснува тој.
Може да ве интересира:Како мирисаат луѓето со „плава крв“: 4 омилени парфеми на жените од кралското семејство